
Пронајдени многу лекови во куќата на Метју Пери: Се појавија нови докази, побарана е обдукција
Денеска како бомба одекна веста дека почина Метју Пери. Актерот почина на 54-годишна возраст во својот дом во Лос Анџелес.
Препорачано
Според извештаите, во домот на актерот не биле пронајдени наркотици, иако се знаеше дека тој имал проблеми со нив во минатото.
Меѓутоа, пронајдени се разни лекови кои може да се набават само на рецепт, изјавија денеска извори од полицијата за американскиот портал ТМЗ.
Иако нагласија дека во просториите нема недозволени наркотици, во куќата биле пронајдени неколку лекови на рецепт, каде што Пери во саботата трагично загинал во неговото џакузи.
Властите пронашле антидепресиви, лекови против анксиозност и лекови за ХОББ во куќата на Метју Пери.
ХОББ е кратенка за хронична опструктивна белодробна болест – а лекот често се користи за луѓе кои имаат емфизем или хроничен бронхитис. Метју бил доживотен пушач.
Судскиот лекар од округот Лос Анџелес ќе изврши токсиколошки преглед за да утврди дали имало лекови во организмот на Пери, но тоа може да потрае со месеци, пишува ТМЗ.
Метју Пери конечно ќе ја раскаже својата приказна: Автобиографија вредна милионска сума
ФОТО | Детали за смртта на Метју Пери, пред неговата куќа татко му и полицијата
ФОТО | Детали за смртта на Метју Пери, пред неговата куќа татко му и полицијата