Пронајдена дрога кај осуденици во штипскиот затвор

Кај осуденици кои издржувале затворска казна во КПУ „Штип“ била пронајдена дрога.

„Вчера во 20.04 часот во СВР Штип било пријавено дека во Казнено – поправната установа Затвор Штип била пронајдена прашкаста материја, марихуана и таблети. Во врска со настанот, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија на дрога и оружје при СВР Штип извршиле службен разговор со Г.П.(36) од Куманово и В.Б.(41) од Св.Николе, кои издржувале затворски казни во установата“, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!