Фото: Промо

Промотивна цена во Клиниката „Жан Митрев“: Што е ергоспирометрија?

Превентивниот преглед спасува живот

Ергоспирометријата или кардиопулмонален стрес тест (СРЕТ) е дијагностичка метода која ја проценува работата на срцето и белите дробови за време на физички напор. За разлика од стандардниот стрес тест, покрај електрокардиографијата (ЕКГ) и мерењето на крвниот притисок, овој тест овозможува мерење на кислородната потрошувачка, фреквенцијата и силината на дишење. Пациентот оди на подвижна лента или вози статичен велосипед со поставена маска за анализа на респираторните параметри.

Зошто е важен?

• Откривање на причините за отежнато дишење и замор
• Проценка на физичката подготвеност и толеранцијата на напор
• Проценка на ризикот пред хируршки процедури
• Евалуација на степенот на срцеви и белодробни заболувања
• Следење на ефикасноста на терапијата и рехабилитацијата

Кој треба да направи ергоспирометриски тест?

• Лица со хронични срцеви или белодробни заболувања (срцева слабост, хронична опструктивна белодробна болест – ХОББ)
• Пациенти со отежнато дишење при физички напор
• Лица на кои им претстои хируршка интервенција
• Спортисти за проценка на физичката подготвеност и планирање на тренингот
• Пациенти на рехабилитација по срцеви заболувања

Фото: Промо

Како се изведува тестот?

• Тестот се изведува во специјализирана просторија со присуство на медицински персонал.
• Пациентот оди на подвижна лента или вози статичен велосипед со постепено зголемување на интензитетот.
• Се поставуваат електроди за следење на срцевата активност, манжетна за мерење на крвниот притисок и маска за анализа на респираторните параметри.
• Се анализираат кардиопулмоналните параметри за време на оптоварување.
• По завршувањето, следи фаза на одмор и проценка на резултатите.

Подготовка пред тестот

• Примање на редовната терапија согласно претходни лекарски препораки.
• Полесен оброк најдоцна 4 часа пред тестот.
• Избегнување кофеински пијалаци, алкохол и никотин.
• Избегнување физичка активност еден ден пред тестот.

Фото: Промо

Контраиндикации

Тестот не се препорачува при:
• Скорешна респираторна инфекција, грип, ковид
• Неконтролирана астма или тешка аортна стеноза
• Скорешен миокарден инфаркт (помалку од 30 дена)
• Имплантиран ИЦД/ЦРТ (ICD/CRT) помалку од 4 недели
• Ниска почетна кислородна сатурација
• Тешки срцеви аритмии или неконтролирана хипертензија

Придобивки за спортистите и физички активните лица

Ергоспирометријата е одлична алатка за спортисти бидејќи овозможува проценка на точката на влез во анаеробен метаболизам, што помага во оптимизација на тренинг- програмите. Со овој тест може да се спречи прекумерното оптоварување на срцето и да се намали ризикот од ненадејна срцева смрт. Освен за професионални спортисти, тестот е корисен и за рекреативци, трудници и лица кои сакаат да ја подобрат својата физичка кондиција со прилагодени програми за вежбање.

Експертскиот тим на Клиниката „Жан Митрев“ ви стои на располагање. За закажување термин и информации, јавете се на тел.  02 3091 484.

(Комерцијален текст)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот