
Професионалните војници работат и по 25 години на определено време, па немаат право на пензија
Независниот синдикат на професионални војници СО Скопје соопшти дека Комисијата за спречување и заштита од дискриминација е добиено Mислење за утврдена индиректна дискриминација од страна на Министерството за одбрана кон сите професионални војници на служба во Армијата на Република Северна Македонија.
Препорачано
„Јас, Александар Насковски, како претседател на синдикатот и професионален војник поднесов претставка на 12.11.2024 година до КСЗД за утврдување на дисриминација, бидејќи Министерството за одбрана не им го трансформира работниот однос од определено на неопределено време на професионалните војници согласно член 46 од Законот за работни односи. Професионалните војници се единствените работници во државата што работат и по 25 години на определено време со продолжување на договори и по 7-8 пати во тој временски период и без можност на право од работен однос – пензионирање“, вели Насковски.
Претставката, додаваат од синдикатот, кој е една од четирите синдикални организации во АРМ, ја поднеле откако сите досегашни министри за одбрана ги игнорирале нивните предлози околу правата на професионалните војници.
„Како синдикат до Собранието на РСМ и до сите пратеници и пратенички групи на 3 јуни 2025 доставивме предлог-закон за измена и дополнување на Законот за служба во Армијата на РСМ со кој се решаваат децениските проблеми на професионалните војници и се решава статусот на професионалните војници, и со негово донесување од страна на пратениците ќе се испочитуваат и препораките на Комисијата која ја утврди индиректната дискиминација врз професионалните војници. Независниот синдикат на професионални војници СО Скопје се надева дека Министерството за одбрана ќе ги испочитува препораките на Комисијата и исто така и пратениците ќе го предложат овој закон со што ќе се исправи децениската неправда кон професионалните војници и ќе се заштедат огромни финансиски средства во буџетот на министерството за одбрана со донесување на овие измена и дополнувања на Законот за служба во Армијата“, велат од Независниот синдикат на професионални војници СО Скопје.