
Проф. д-р Лазаров: Само 400 домашни компании имаат извоз од над еден милион евра
Фокусот не треба да го ставиме на раст на извозот, туку на раст на додадената вредност на производите, потенцираше професорот Лазаров
Според направената студија за извозот во рамките на Стопанската комора, Македонија има плитка извозна структура, што значи дека мал број компании со мал број производи кои се пласираат и со мал број извозни пазари ја чинат извозната структура на македонската економија, посочи професорот Дарко Лазаров од Економскиот факултет при УГД Штип во најновиот поткаст „Бизнис-клуб“ на СКСМ. Од оваа анализа може да се види дека само ТОП 25 извозни производи учествуваат со 70 отсто во вкупниот извоз, само ТОП 25 извозни компании учествуваат со 90 отсто во вкупниот извоз на македонската економија, само 400 компании извезуваат со вредност поголема од 1 милион евра или само 1.300 компании извезуваат со вредност од над 100.000 евра.
Препорачано
-Производите што се извезуваат се производи со ниска додадена вредност (текстил, базични метали), а оние што ги извезуваат странските компании, со високо ниво на комплексност, се производи чија додадена вредност не се произведува во Македонија, туку во друга земја, па затоа додадената вредност на нашиот извоз е многу мала, а увозната компонента е релативно голема. Тоа значи дека фокусот не треба да го ставиме на раст на извозот, туку на раст на додадената вредност на производите – потенцираше професорот Лазаров.