Град Скопје нема да го поддржи летниот камп на Арнаудова за деца во социјален ризик/Фото: Фејсбук

Проектот Среќа на Кристина Арнаудова не доби парична поддршка од Град Скопје: Нека им служи на чест!

Откако новата администрација на Град Скопје одби годинава да го финансира проектот на пејачката и хуманитарна активистка Кристина Арнаудова за бесплатен летен камп за деца во социјален ризик, таа на својот Фејсбук профил се обрати до граѓаните да и’ помогнат и ова лето да ги испрати на летување децата од оваа категорија:

-Драги пријатели, нашиот редовен проект, бесплатениот летен камп за деца во социјален ризик, кој постои од 2017 година, и каде стотици деца го доживеаа својот прв летен одмор, оваа година за прв пат не е поддржан од Град Скопје. Неговото оддржување за прв пат е неизвесно. Можеме само да кажеме дека ние ќе дадеме се од себе да се одржи овој камп, а на оние кои избришале ваков хуман и потребен проект нека им служи на чест. Мандатите поминуваат, а ние остануваме. Секој кој сака да спонзорира летен одмор за едно дете може да ни пише порака! Ќе најдеме начин заеднички!, објави Арнаудова.

Причините поради кои нејзиниот Проект Среќа годинава нема да биде поддржан од Град Скопје, за СДК ги објасни Даниел Апостолоски, советник за односи со јавност во Град Скопје:

-Град Скопје веќе нема да дава пари за кампот за деца со социјален ризик на Кристина Арнаудова затоа што смета дека пејачката и нејзиниот сопруг се политички фигури кои на овој начин со буџетски средства се самопромовирале, вели Апостоловски и додава дека брачната двојка биле истакнати партиски активисти на СДСМ.

Тој додава дека Градот Скопје, заедно со Црвениот крст, веќе спроведува летен камп за деца со социјален ризик опфаќајќи ги и децата што биле опфатени со проектот на Арнаудова и нејзиниот сопруг.

Потегот на Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска на социјалните мрежи се толкува како уште едно нејзино нереализирано ветување од низата, а поради кои низ политичката кампања, ја доби довербата на мнозинството граѓани во главниот град.

Проектот на Кристина Арнаудова за летен камп за деца во социјален ризик во 2019 и 2020 година од Град Скопје бил финансиран со по 250 илјади денари, а минатата година со 50 илјади денари помалку од претходните.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!