Реакција на симпатизери на Камала Харис во Вашингтон - Фотографија Профимедија

Проекции во 6.30 часот: Трамп и републиканците пред победа во битките за Белата куќа и Конгресот

Доналд Трамп има предност во однос на Камала Харис во сите клучни сојузни држави што решаваат кој ќе победи на претседателските избори во САД, покажуваат проектираните резултати во 6.30 часот.

Трамп, според проекциите, во 6.30 часот веќе има обезбедено 230 делегати во Изборниот колеџ, а демократката Камала Харис 210. За победа се потребни гласови на 270 делегати. Пред гласањето се очекуваше дека Трамп сигурно ќе добие 219 делегати и Харис 226, а клучни ќе бидат преостанатите 93 делегати од седум сојузни држави.

Трамп веќе ги освоил 16-те делегати од Северна Каролина и е во проектирано водство во сите други клучни сојузни држави – во Аризона со 50 отсто (при 51 отсто обработени гласови), во Џорџија со 50,8 отсто (93 отсто обработени), во Мичиген со 52,2 отсто (51 отсто обработени), во Пенсилванија со 50,9 отсто (86 отсто обработени) и во Висконсин со 51,2 отсто (80 отсто обработени). Резултатите од Невада уште не почнале да пристигнуваат.

Во битката за Сенатот, проекциите укажуваат дека републиканците веќе го освоиле мнозинството. Тие сега имаат 51 сенатор, наспроти 42 демократски, со уште 7 отворени трки.

До 6.30 часот во битката за Претставничкиот дом републиканците имаа освоени 179 место, а демократите 147. За мнозинство се потребни 218 конгресмени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот