фото: Фејсбук/ Рамиз Мерко

Продолжуваат судењата против Мерко за незаконско поставување директори во повеќе училишта

Во Основниот суд во Струга денеска треба да продолжат судските процеси против градоначалникот Рамис Мерко за незаконско поставување директори во основни училишта во Општина Струга.

Во еден предмет се споени училиштата во Лабуништа, Радолишта, Подгорци, додека за училиштето во Велешта и за „Браќа Миладиновци“ во Струга се водат два одвоени предмети.

За случајот со училиштето „Зини Хани“ во Велешта, покрај Мерко уште четири лица се обвинети за злоупотреба на службата и фалсификување. Според обвинението, покрај незаконското поставување на Егзона Шеј за директор, таа се товари и за фалсификување дипломи.

За предметот за ОУ „Браќа Миладиновци“ Мерко се товари за незаконско поставување на Албана Жута за в.д. директор и директор на училиштето иако не исполнувала услови, односно не била назначена од редот на вработените, немала положен испит за директор и соодветен сертификат за познавање англиски јазик.

Сведоците во овие случаи, кои поради, според судечкиот судија Јордан Јованов, неоправдани причини не се појавиле на претходните судења денеска треба да бидат спроведени со полициска асистенција.

Против Мерко вчера се одржаа два судски процеси, за набавката на автомобил „Ауди А6“ за потребите на Општината и за незаконско поставување спомен обележје – плоча на општинската зграда. Тој е и на „црната листа“ на Соединетите Американски Држави (САД) поради вмешаност во корупција. Против него има поднесено повеќе (девет) обвиненија за несовесно работење во службата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот