фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Продолжува ЛШ со нови шест натпревари: Спектакли во Минхен и Ливерпул

Откако синоќа беа одиграни првите шест натпревари, денеска продолжува првото коло од новата сезона во фудбалската Лига на шампионите.

Фудбалските фанови веќе можеа да уживаат во исклучително возбудливи натпревари на првата вечер, а нови возбудувања се закажани за вечерва.

Фокусот ќе биде на дуелите меѓу Ливерпул и Атлетико Мадрид на „Енфилд“ и Баерн Минхен и Челси на „Алијанц Арена“.

Овие четири екипи, според многумина, се едни од најголемите фаворити за пласман во финалето, додека на самиот Ливерпул му се дава голема шанса да го освои трофејот. Затоа, нивните меѓусебни натпревари привлекуваат големо внимание и сигурно ќе бидат полни со возбуда.

Вечерва се закажани и дуелите меѓу Ајакс и Интер, и Пари Сен Жермен, победниците на минатогодишната Лига на шампиони, и Аталанта, а сите гореспоменати натпревари се играат од 21.00 часот.

Нешто порано од 18.45 часот, ќе играат Олимпијакос – Пафос и Славија Прага – Бодо/Глимт.

Лига на шампиони, прво коло:

18:45 Олимпијакос – Пафос

18:45 Славија Прага – Бодо/Глимт

21:00 Ајакс – Интер

21:00 ПСЖ – Аталанта

21:00 Ливерпул – Атлетико Мадрид

21:00 Баерн Минхен – Челси

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот