Возило на македонската пожарна/ Фото: Архива

Продолжен рокот за пријавување на огласот за ангажирање пожарникари

Владата соопшти дека рокот за пријавување на јавниот повик за ангажирање на 400 пожарникари низ државата се продолжува до 23 јули, поради, како што велат голем интерес и позитивен одзив од граѓаните.

„Одлуката за продолжување на рокот е донесена со цел да им се даде можност на што поголем број заинтересирани граѓани да аплицираат, особено имајќи предвид дека станува збор за значајна мерка која директно го засилува капацитетот на системот за заштита и спасување, особено во пресрет на летната сезона и зголемениот ризик од пожари“, се наведува во соопштението на Владата.

Мерката е дел од Планот за вработување 2025 и, како што посочуваат од Владата, претставува системско вложување во јавното здравје, безбедност и директен одговор на долгогодишниот недостаток на кадар во противпожарните единици.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов изјави дека засега не му е позната бројката на заинтересирани кои се пријавиле за гаснење на пожарите.

Владата ќе ангажира 400 привремени пожарникари: Сите млади и физички способни да се пријават на огласот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот