
Продажбата на „Порше“ падна за 8 проценти
Производителот на автомобили „Порше“ денеска објави дека во првиот квартал од 2025 година, од јануари до март оваа година, испорачал 71.470 возила ширум светот, што е за осум отсто помалку од истиот квартал минатата година. Продажбата во Кина беше особено разочарувачка, опадна за 42 отсто на годишно ниво, на 9.741 возило, објави германскиот деловен портал Wierschaftswohner.
Препорачано
Извршниот директор на „Порше“, Оливер Блуме неодамна изјави дека не очекува наскоро да се подобри бизнисот во Кина и верува дека промените на пазарот таму се долгорочни. Податоците за продажбата на овие автомобили во Германија и остатокот од Европа, исто така, укажуваат на значителен тренд на намалување. Спротивно на тоа, испораките на северноамериканскиот пазар се зголемија за 37 проценти на годишно ниво на 20.698 возила, пред сè поради нискиот основен ефект од истиот квартал од 2024 година. „Порше“, исто така, забележа раст на странските и растечките пазари како Африка, Латинска Америка, Австралија, Јапонија и Кореја.
Германската компанија не блесна ниту во претходната година, кога продаде околу 310.700 возила, што е пад од три отсто во однос на 2023 година, додава германскиот портал.