Лекови - Фото: pexels-polina-tankilevitch

Продажбата на лажни лекови за слабеење е во пораст низ цела ЕУ

Лажните лекови за слабеење се рекламираат и продаваат сè повеќе низ цела Европска Унија, што претставува сериозна закана за јавното здравје, предупреди Европската агенција за лекови (ЕМА).

Како што јавува „Политико“, Агенцијата објави дека во последните месеци има нагло зголемување на бројот на нелегални лекови што се продаваат како агонисти на GLP-1, како што се популарните семаглутид, лираглутид и тирзепатид.

Властите идентификуваа стотици лажни профили на Фејсбук, реклами и огласи за е-трговија што промовираат фалсификувани лекови.

Иако оригиналните верзии под брендовите Вегови, Оземпик, Саксенда и Мунџаро се достапни преку легитимни здравствени служби и со рецепт, лажните верзии „не се овластени и не ги исполнуваат потребните стандарди за квалитет, безбедност и ефикасност“, соопшти агенцијата.

„Ваквите нелегални производи претставуваат сериозен ризик за јавното здравје. Тие можеби воопшто не ја содржат активната супстанца за која се тврди дека е наведена и може да содржат штетни нивоа на други супстанции“, предупреди ЕМА.

„Затоа, луѓето кои ги користат овие производи се изложени на многу висок ризик од неуспех во третманот, неочекувани и сериозни здравствени проблеми и опасни интеракции со други лекови.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот