Сергеј Милинковиќ-Савиќ останува клучен играч во редовите на римските „небесно-сини“/ фото: EPA-EFE/FEDERICO PROIETTI

Проблеми во Лацио: Сари го исфрли Милинковиќ-Савиќ од првиот тим

Еден од најдобрите фудбалери на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ ќе биде исфрлен од првиот тим по кавгата со тренерот Маурицио Сари, пишуваат италијанските медими.

Сари не е задоволен од однесувањето на Милинковиќ-Савиќ и му се пожалил на претседателот Клаудио Лотито дека српскиот репрезентативец се однесувал арогантно, дека не е лидер на тимот и заменик капитен, што се очекува од него. Фудбалерот е казнет со 50.000 евра по заедничката вечера на првиот тим.


Поради ваквиот развој на настаните се очекува Лотито да се обиде да го продаде Милинковиќ-Савиќ уште во јануари.

– Не го продадов за 140 милиони евра бидејќи тоа му го ветив на Симоне Инзаги. Не ми е гајле за парите, само сакам респект и максимална посветеност – изјави Лотито за „Тутомеркато“ кој пишива дека вредноста на српскиот репрезентативец сега изнесува 70 милиони евра.

Оваа сезона, Милинковиќ-Савиќ одигра 23 натпревари за Лацио во Серија А и во Лигата на Европа и постигна пет гола и имаше уште пет асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот