
Проблем за Реал пред полуфиналето со ПСЖ: „Кралевите“ ги откажаа сите медиумски активности
Фудбалскиот гигант Реал Мадрид се соочи со неочекувани проблеми непосредно пред заминувањето за Њујорк, каде вечерва треба да се сретне со ПСЖ во полуфиналето од Светското клупско првенство.
Препорачано
„Кралевите“ беа погодени од силната бура која го зафати Палм Бич, што го наруши нивниот патен план. Поради лошите временски услови, чартер летот на шпанскиот тим беше задржан на аеродромот во Палм Бич, па фудбалерите и стручниот штаб мораа да чекаат дозвола за полетување.
Наместо да стигнат на време и да ги исполнат своите медиумски обврски во Њујорк, како што се прес-конференцијата и интервјуата на „МетЛајф“ стадионот, тимот беше принуден да ги откаже сите закажани активности и да ја извести ФИФА за промените.
🗽 ¡Ya estamos en Nueva York! pic.twitter.com/NWgmgrXytR
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) July 9, 2025
Летот конечно полетал со едночасовно задоцнување, а поради гужвата во воздушниот сообраќај над Њујорк, слетувањето дополнително се одолжи. Во целост, патувањето траеше околу два и пол часа, а тимот пристигна значително подоцна од планираното.
За разлика од нив, ПСЖ немаше проблеми, Французите утрово без пречки одработија тренинг на Универзитетот „Ратгерс“ во Њу Џерси, додека Реал последните подготовки ги реализираше во Палм Бич.
Победникот од овој натпревар ќе се соочи со Челси во големото финале. Полуфиналниот дуел се игра вечерва во терминот од 21:00 часот по средноевропско време.