Се формира привремена влада на Бангладеш по оставката и бегството на премиерката Хасина во Индија

Началникот на армијата на Бангладеш, генерал Вакер- Уз-Заман  денеска изјави дека во земјата ќе се формира привремена влада откако премиерката Шеик Хасина поднесе оставка и побегна во Индија, по неколкунеделните масовни и насилни демонстрации, во кои загинаа над 90 лица.

-Ќе формираме привремена влада, рече генералот Вакер-Уз-Заман во изјава што ја пренесе државната телевизија.

Според Би-Би-Си, Хасина, која е на чело на Бангладеш од 2009 година, со хеликоптер пребега во индискиот пограничен град Агартала.

Началникот на армијата изјави дека ќе се сретне со претседателот на Бангладеш, Мохамад Шахабудин, и се надева на „решение“ до крајот на денот.

Би-Би-Си додаде дека тој веќе разговарал со опозициските политички партии, не рече дали има контакт со Авами лигата, партијата предводена од премиерот Шеик Хасина.

-Земјата претрпе многу, економијата е погодена, многу луѓе загинаа, време е да се стави крај на насилството, рече началникот на армијата.

„Доколку ситуацијата се подобри, нема потреба да се прибегнува кон вонредна состојба“, додаде тој и вети дека новите власти ќе ја истражат секоја смрт за време на неколкунеделните насилни демонстрации.

Генералот рече дека ќе има „правда“ за целиот народ на Бангладеш, што го бараа демонстрантите по смртта на стотици луѓе во судирите со полицијата во последните недели.

-Сега задача на студентите е да останат смирени и да ни помогнат, рече генералот.

Генералот Вакер-Уз.-Заман беше назначен за началник на Генералштабот на Бангладеш кон крајот на јуни, неколку дена пред протестите.

Оставката на премиерот дојде откако илјадници демонстранти излегоа денеска на улиците на главниот град Дака, а уште илјадници го најавија своето пристигнување, еден ден откако најмалку 90 лица загинаа во судирите меѓу полицијата и демонстрантите.

Снимката на телевизијата од Бангладеш покажува дека демонстрантите упаднале во резиденцијата на Хасина во Дака.

Во изминатиот месец од почетокот на демонстрациите низ целата земја, околу 300 луѓе загинаа во напорите на властите да ги задушат антивладините протести.

Демонстрациите започнаа поради големата невработеност на младите, образовани луѓе, додека привилегии за вработување во државната служба, каде што има најголем дел од работните места, добиваат луѓе блиски до власта и роднини на ветераните од граѓанската војна за независност на Бангладеш од Пакистан во 1971 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот