Фото: МВР

Приведено лице во Виница кое физички нападнало полициски службеник, кај него пронајдена дрога и муниција

Полициски службеници од ОВР Виница вчера  го лишиле од слобода Б.В.(27) од Кочани, со живеалиште во Виница, затоа што физички го нападнал началникот на Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница додека извршувал службени дејствија, односно му врачувал покана за службен разговор.

Како што соопшти МВР, подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на Б.В. во Виница, при што биле пронајдени и одземени околу 100 семки од растението канабис, две дробилки со остатоци од марихуана, куршуми различен калибар, три сабји, електрошок и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот