Фото: МВР

Приведени тројца возачи – возеле пијани и предизвикале сообраќајни незгоди

Полициски службеници во изминатите 24 часа во три различни контроли лишиле од слобода тројца возачи, кои управувале возила под дејство на алкохол, а двајца предизвикале и сообраќајни незгоди. Против нив, како што иниформираат од МВР ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Валандово вчера во 5:30 часот во с.Јосифово, валандовско, го лишиле од слобода Т.Ј. (52) од с.Удово, валандовско. Околу 04.20 часот на регионалниот пат Р-1105, кај с.Јосифово, валандовско, управувајќи патничко возило „опел корса“ со валандовски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот, по што се оддалечил од возилото, кое целосно изгорело. Во несреќата, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Валандово, а при проверка било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,19 промили алкохол во крвта. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Валандово.

Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Крива Паланка денеска во 07.00 часот на магистрален пат А2 во село Гиновци, општина Ранковце, го лишиле од слобода М.Ц. (38) од Радишани, скопско. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „мазда“, кое го управувал М.Ц. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.13 промили алкохол во крвта.

Полициски службеници од ОВР Берово вчера во 07.50 часот на регионалниот пат Делчево-Берово, во с.Смојмирово, беровско, го лишиле од слобода А.Н.(30) од с.Црник, пехчевско. При вршење увид по претходно случена сообраќајна незгода, полициските службеници констатирале дека А.Н. е под дејство на алкохол, односно дека има 1,94 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил приведен и задржан во полициска станица, информираат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот