Приведени синовите на Мијалкови, претепале 19 годишно момче

Синовите на Сашо и Влатко Мијалкови синоќа заедно со уште четворица претепале едно 19-годишно момче во клубо Харт бар, на улицата Наум Наумовски Борче во Скопје и во моментов се во полициската станица Кисела Вода во Скопје, а, според нашите извори, јавен обвинител треба да одлучи какви мерки ќе бидат преземени против нив.

Претепаното момче 30 минути по полноќ пријавило дека околу 21.45 часот во Харт бар бил нападнат од Жарко Кртолица, Алекс Мијалков, Матеј Казаков, Филип Мијалков, Стефан Ристов и Илија Саздовски кои го удирале со боксови по главата и телото, дознава „Слободен печат“.

Ќотекот продолжил надвор пред објектот, а откако момчето паднало на земја, продолжиле да го удираат со клоци по телото и по главата. Лекарска помош му била укажана во болницата Наум Охридски. Во моментов синовите на Мијалкови се во станица и се чека одлуката на обвинителот.

Од МВР го потврдуваат случајот: 

– На 27.03.2021 во 00.30 часот во Полициска станица Центар, И.С.(19) од Скопје пријавил дека на 26.03.2021 околу 21.45 часот во и пред угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат од Ж.К., А.М., М.К., Ф.М., С.Р. и И.С.. Лицата се повикани во полициска станица и известен е јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – велат од полицијата за „Слободен печат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот