
Приведени две лица во Скопје, палеле оган и гореле кабли
Во два одделни случаи лишени од слобода се малолетник, кој палел оган и горел кабли, и скопјанец, кај кого биле пронајдени запалени кабли.
Препорачано
Како што информира МВР, во првиот случај, денеска во 5 часот во Скопје на подрачјето на Карпош полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 15-годишник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
Тој бил затекнат од страна на полициски службеници во кругот на фирма на ул.„Скупи“, каде запалил оган и горел кабли. Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита, а со малолетникот е извршен службен разговор, во присуство на неговата маќеа и адвокат. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Во вториот случај, пак, вчера во 16.10 часот на ул.„Лазар Личеновски“ во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.К.(44) од Скопје. При преглед кај него биле пронајдени запалка, најлонска вреќа во која имало запалени кабли, метални и бакарни предмети.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
7час
-
7час
-
7час
-
7час
-
7час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5