
Приведен скопјанец, шверцувал осум мигранти од Сирија
Осум мигранти од Сирија утринава биле откриени од полициски службеници во непосредна близина на наплатна станица Смоквица, за кои се претпоставува дека биле растоварени од возило управувано од 40-годишен скопјанец. Возачот е приведен, а мигрантите ќе бидат пренесени во прифатно-транзитен центар, соопштуваат од полицијата.
Препорачано
– Денеска, во 08.00 часот, на крстосница кај с. Богородица, од страна на полициски службеници од Полициска станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“ забележано е патничко возило „форд мондео“ со скопски регистарски ознаки, кое превезувало поголем број на патници. Возилото е сопрено на регионален пат 103, во близина на наплатна станица Смоквица, при што било констатирано дека го управувал П.Р.(40) од Скопје, а осум лица илегални мигранти од Сирија се пронајдени во непосредна близина, за кои постои основано сомневање дека се растоварени од возилото непосредно пред да биде запрено, известуваат од МВР.
Оттаму, посочуваат дека возачот е приведен и во координација со Јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, по документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок, а мигрантите ќе бидат пренесени во прифатно-транзитен центар
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
13мин
-
31мин
-
37мин
-
38мин
-
59мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5