Приведен кавадарчанец кој му се заканувал на градоначалникот Митко Јанчев

Кавадарчанец бил лишен од слобода, бидејќи на интернет му се заканувал на градоначалникот и неговата фамилија. Градоначалникот Митко Јанчев денеска потврди дека тој и неговата фамилија биле мета на закани.

– Рано утрово во 00.05 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода С.М.(29) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека подолг временски период се заканувал на М.Ј.(43) од Кавадарци на социјални мрежи. С.М. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија денеска од СВР Велес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот