Приведен 25-годишник додека крадел од подрум на зграда во реонот на Бит-пазар

Дваесет и петгодишниот скопјанец О.М. вчера во 20.35 часот е лишен од слобода во реонот на Бит-пазар, откако бил затекнат при извршување кривични дела „тешка кражба”.

Како што соопшти МВР, него го привеле полициски службеници од Единицата за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Центар и Бит пазар.

– Со употреба на сила и подесен алат, тој од подрумски простории од зграда одзел разновидни предмети, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 58.500 денари. Пријавениот бил задржан во полициска станица и со него бил извршен службен разговор, а украдените предмети се вратени на оштетените, информира Министерството за внатрешни работи.

По целосното документирање на случајот, наведува МВР,  ќе следува кривична пријава за извршени седум кривични дела „тешка кражба”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот