Работник Фото: Pexels: Kateryna Babaieva

Приватниот сектор во САД загубил 33.000 работни места во јуни

Приватниот сектор во САД забележа пад на вработеноста во јуни, за прв пат по повеќе од две години, бидејќи компаниите изгубија вкупно околу 33.000 работни места наместо очекуваниот раст од 115.000, објави денес американската агенција за обработка на податоци АДП.

Главната економистка на АДП, Нела Ричардсон, објасни дека падот не се должи на отпуштања, туку на замрзнување на вработувањето, бидејќи компаниите се двоумат да ги пополнат слободните работни места, објави Си-Ен-Ен.

Податоците на АДП честопати не се совпаѓаат со официјалните информации од Бирото за статистика на трудот на САД (BLS), но се очекува податоците да укажуваат на зголемување на невработеноста.

Првите шест месеци од вториот претседателски мандат на Доналд Трамп беа обележани со големи промени, од царини и намалувања на владините трошоци до отпуштања во јавниот сектор.

Економистите истакнуваат дека негативниот ефект од овие мерки веќе се чувствува и предупредуваат дека пазарот на трудот слабее не поради недостаток на трошење, туку поради неизвесност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот