Фото: EPA/JULIEN WARNAND

„Принцот на скандалите“ јавно призна дека има вонбрачен син: Мајка му беше секс симбол на 80-тите!

Белгискиот принц Лоран, помладиот брат на кралот Филип, јавно призна дека е татко на 25-годишниот Клеман Ванденкеркове. Веста ја потврди во документарна серија емитувана на телевизијата ВТМ, која предизвика огромен интерес во Белгија и пошироко.

Клеман, чија мајка е пејачката Венди Ван Вантен, позната ѕвезда од 80-тите години, во документарецот го опиша моментот кога дознал кој е неговиот татко.

„Мајка ми ми рече: ‘Твојот тато е принц. Тој човек е твојот татко‘“, откри Клеман.

Принцот Лоран (61) го потврди татковството во службена изјава.

„Со оваа објава јавно признавам дека сум биолошкиот татко на Клеман Ванденкеркове. За тоа отворено разговаравме во последните години. Ве молам оваа вест да се прими со дискреција каква што бара природата на една толку интимна работа. Немам намера да давам дополнителни коментари“, порача тој.

Клеман е роден во 2000 година, истата година кога принцот Лоран ја запознал својата сегашна сопруга, Клер Кумбс, со која е во брак веќе 22 години. Иако долго време се шпекулираше за врската меѓу Лоран и Венди Ван Вантен, нивната блискост никогаш не беше официјално потврдена, иако заедно присуствувале на јавни настани, меѓу кои и свадбата на британскиот принц Едвард и војвотката Софи.

Ван Вантен (65) била популарна не само како пејачка, туку и како водителка на еротското фламанско шоу „Клубот на пин-ап девојките“ („De Pin Up Club“), каде што им давала совети на гледачите за љубовни и интимни теми. Денес живее со својот сопруг Франс Ван Копеноле и нивните деца.

Во документарецот Клеман зборува и за моментот кога првпат стапил во контакт со својот татко: „Одеднаш добив број. Помислив: ‘Ова е навистина неговиот број‘. Го свртев и кога се јави, срцето ми застана“.

Тој додава дека не ја обвинува ниту мајка си, ниту татко си.

„Сите сме луѓе. Никој не направил ништо лошо. Сакам да живеам нормално“, изјави младиот Белгиец.

Принцезата Клер, со која Лоран има три деца – принцезата Луиз (21) и близнаците Николас и Ајмерик (19), ретко се појавува во јавност. Белгиските медиуми ја опишуваат како „многу британска“ – смирена, повлечена и посветена на хуманитарни активности.

Лоран, пак, одамна е познат како „принцот на скандалите“. Неговите контроверзни изјави, кршење на протоколите, сообраќајни прекршоци и спорни деловни потези му донесоа етикети како „црната овца на семејството“ и „еко-грешник“.

За Клеман, кој со години бил предмет на гласини, ова признание носи олеснување.

„Сакам оваа приказна конечно да заврши и да продолжам да живеам без сенките на минатото“, заклучува тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот