
Прилепска „Витаминка“ со свој штанд на саем во Саудиска Арабија
Ова е чекор со кој правиме силен пробив на еден од најдинамичните пазари во светот – вели Сашо Наумоски, генерален извршен директор на Витаминка.
„Витаминка“ оваа година за првпат се претстави на еден од најзначајните саеми за храна и пијалаци во Саудиска Арабија, Блискиот Исток и Северна Африка – Foodex Saudi Arabia 2025, кој се одржа во Ријад. Настанот претставува водечка платформа за меѓународни брендови од областа на прехранбената индустрија, отворајќи можности за поврзување со партнери и купувачи на пазар од над 36 милиони потрошувачи – потенцијал кој е од огромно значење за Витаминка.
Препорачано
– Foodex Saudi Arabia е водечки меѓународен саем во Саудиска Арабија, 100% посветен на индустријата за храна и пијалаци. Со неговото посетување, компаниите имаат можност да набават производи од над 50 земји и да остварат трговска соработка со изложувачи кои претставуваат глобална понуда на производи и решенија. Станува збор за огромен потенцијал, каде што првпат имаме можност директно да ги претставиме нашите производи. Веруваме дека овој настап ќе отвори врати кон нови партнерства, дистрибутивни канали и значителни извозни можности. Ова е чекор со кој правиме силен пробив на еден од најдинамичните пазари во светот – вели Сашо Наумоски, генерален извршен директор на Витаминка.
Со учеството на Foodex, најголемиот производител на кондиторски производи во Македонија го зацврстува своето регионално присуство и поставува темели за отворање нови потенцијали на Блискиот Исток.