запленета марихуана

Прилепчанец фатен со над 32 килограми марихуана на патот Битола-Прилеп

Прилепчанец бил фатен со 32 килограми марихуана на патот Битола-Прилеп. Тој во автомобилот имал две торби полни со дрога.

Основното јавно обвинителство Битола нареди истрага против осомничениот за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

„Вчера, на магистралниот пат А3 Битола-Прилеп, во близина на кружниот тек за селото Тополчани, полициски службеници запреле и извршиле преглед на автомобил „Фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки во кој осомничениот неовластено пренесувал две патни торби. Во внатрешноста на торбите се наоѓале вкупно 35 најлонски пакувања наркотичната дрога марихуана. Вкупната тежина на дрогата откриена во багажниот простор на автомобилот изнесува 32,575 килограми“ соопшти обвинителството.

Во текот на истражната постапка, јавниот обвинител ќе преземе и повеќе дејствија за откривање на лицето/лицата од кои осомничениот ја набавил наркотичната дрога, како и на потенцијални сведоци во врска со извршеното недозволено пренесување. Поради опасноста осомничениот 36-годишник од Прилеп да се обиде да прикрие или уништи определени докази и да влијае врз сведоците, како и поради ризикот од бегство и можноста да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола денеска достави предлог за определување мерка притвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!