При спонтано породување на ГАК, раката на бебето излегла низ анусот – ретка компликација опишана во литературата

Ретка компликација се случила пред околу две недели на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, кога бебето при спонтано породување, наместо целосно да излезе, со раката го повредило ѕидот од анусот на мајката и раката излегла низ анусот, поради што настанала повреда. К

ако што дознава „Слободен печат“ од добро упатени извори што учествувале во породувањето, два стручни конзилиуми, меѓу кои и оној на ГАК, констатирале дека се работи за компликација што е опишана во литературата (се случува еднаш во 10 илјади породувања) и дека не постои одговорен или виновен или лекарска грешка, ниту пак постои начин ваква компликација да се спречи. Меѓу оние што го констатирале тоа биле и професори со над 20 години искуство.

И мајката и бебето се во добра здравствена состојба. Пет дена по породувањето, на мајката ѝ била санирана повредата. Докторката што го извела породувањето тоа го сторила според сите протоколи, констатирала клиниката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот