Фото: Кабинет на Претседател на РСМ

Претседателот Пендаровски на аудиенција кај белгискиот крал Филип

Претседателот Стево Пендаровски денеска, во рамки на работната посета на Белгија, имаше аудиенција кај кралот на Белгија, Филип.

Претседателот Пендаровски и кралот Филип изразија задоволство од развојот на односите меѓу двете земји што се карактеризираат со цврсто и искрено пријателство, основани на меѓусебна почит и разбирање. Во пресрет на одбележувањето на 30 години од воспоставувањето дипломатски односи беше нагласен интересот за понатамошно унапредување на билатералната соработка.

Претседателот Пендаровски во разговорот со Кралот Филип изрази благодарност за досегашната отворена и конструктивна соработка, како и за поддршката за процесот на македонската интеграција во Европската Унија.

На средбата беше истакнато и сојузништвото во рамките на НАТО како додадена вредност кон заедничкото делување за градење на постабилна и побезбедна Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот