Претседателот на Српскиот народен совет во Хрватска доби заканувачко писмо со порака „За дом спремни“

Претседателот на Српскиот народен совет во Хрватска, Борис Милошевиќ, денеска објави дека примил анонимно заканувачко писмо потпишано со усташкиот поздрав „За дом спремни!“.

„Некој се охрабри и се потруди да ги стави заканите и говорот на омраза на хартија и да ги испрати по пошта“, напиша Милошевиќ на Фејсбук, каде што објави и фотографија од заканувачкото писмо.

Во писмото, Милошевиќ беше наречен „небричен четник“, „еден од четничките водачи во Хрватска, но и во српскиот свет“, а Српскиот народен совет – „четнички народен совет“.

Авторот на писмото го споменува логорот во Јасеновац и Јадовно и наведува дека усташкиот поздрав „За дом спремни“ бил „мотив за хрватските бранители во војната во 1990-тите, особено за оние од Хрватските одбранбени сили, во борбата против четниците“.

На крајот од писмото стои потпис „Хрватски бранител“, со усташкиот поздрав „За дом спремни“.

Заедно со извештајот за заканата, Милошевиќ го проследил писмото до полицијата, објави Н1 телевизија.

Неодамна, претседателот на Антифашистичката лига, Зоран Пусиќ, добил слично анонимно заканувачко писмо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!