Доналд Трамп/Фото: EPA/KEVIN DIETSCH / POOL

Претседателот на Јужна Кореја: Трамп е единствениот што може да ги подобри односите со Северна Кореја

Јужнокорејскиот претседател Ли Џае-мјунг денес изјави во Вашингтон дека американскиот претседател Доналд Трамп е единствената личност која може да постигне вистински напредок во односите со Северна Кореја.

Ли им кажа на новинарите во Белата куќа дека, според зборовите на Ким Јо Џонг, сестрата на севернокорејскиот лидер, Ким Џонг Ун има изградени добри и стабилни односи токму со Трамп. Таа, сепак, во јули ги одби неговите предлози за подобрување на меѓукорејските врски.

Потсетуваме, двете Кореи во 1953 година постигнаа примирје со кое беше прекината Корејската војна, но до денес не е потпишан официјален мировен договор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот