Роберта Мецола
Роберта Мецола / 30 мај 2022 / Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Претседателката на Европскиот парламент вели дека работата „почнува веднаш“

Актуелната претседателка на Европскиот парламент, Роберта Мецола, најави дека лидерите на политичките групи на ЕУ ќе се соберат на нивната прва официјална средба во вторник, откако ќе се одржат изборите ширум ЕУ.

Мецола рече дека новиот парламент „ќе започне со работа веднаш“. „Веќе во вторник…лидерите на политичките групи ќе се соберат на првиот состанок на парламентарната конференција на претседателот“.

Меѓу другото, тие треба „да ги разгледаат резултатите од европските избори со цел да го изберат следниот претседател на Европската комисија и да договорат временска рамка за конституирање на новиот парламент“, рече Мецола.

„Во текот на следните недели ќе треба да се конституираат политички групи и да се формира мнозинство за да се работи на политичка програма која ќе го одреди правецот на нашата Унија во наредните години. Новиот парламент ќе ја одржи инаугуративната седница во Стразбур на 16 јули. Како претседател на овој парламент, денешните резултати ги гледам како знак на довербата на народот, дека парламентот ќе продолжи да ја води европската агенда во следните пет години, но и како сигнал дека треба уште повеќе да работиме за да дојдеме до народот гласаше за Европа“, рече Мецола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!