Татјана Димитровска / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Претседателката на ДКСК осомничена во случајот „Адитив“ – се бараат мерки за претпазливост

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска, со проширување на истрагата за предметот „Адитив“ е меѓу тројца нови осомничени за истрагата, потврдија од Обвинителството.

-Во рамките на предметот „Адитив“, од прибраните докази донесена е Наредба за спроведување на истрага за уште три лица. Околу делата што им се ставаат на товар и дејствијата што ги преземале во текот на утрешниот ден – велат оттаму.

Според информациите од Кривичниот суд, актуелната претседателка е во судот и доставен е предлог за определување на мерки за претпазливост.

Со оглед на тоа дека во моментов во судот се и осомничените од другата акција на МВР со инвалидските пензии, не се знае точно кога Димитровска ќе биде изведена пред судија на претходна постапка.

Нема информации за што таа е осомничена и како е вклучена во овој случај.

За случајот „Адитив“ на крајот на февруари беше покренато обвинение против пет фирми и 31 физичко лице.

„Обвинетите управители и сопственици на правни лица откако организирале и извршиле пререгистрација на дејност на нивните правни субјекти, како економски оператори – учесници во постапки, меѓусебно се договарале да ги изиграат постапките за набавка на адитив за јаглен за потребите на АД ЕСМ – Подружница РЕК Битола и подружница РЕК Осломеј. На начин опишан во диспозитивот на Обвинителниот акт, овозможиле кривично одговорно правно лице да го добие Договорот за јавна набавка за набавка на адитиви против формирање на згура/троска при согорување на јаглен во котел, адитив RPT 601, за потребите на РЕК Битола и на РЕК Осломеј и притоа да се стекне со имотна корист од големи размери во вкупен износ од 397.636.400,00 денари“, соопшти тогаш Обвинителството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот