Фото: Слободен печат/Архива

Претреси и апсења во домови за стари луѓе во Скопје, некој пријавил нехуман третман

На четири локации во Скопје вчера биле извршени претреси поврзани со две приватни установи за социјална заштита на стари луѓе, поради сомненија за нехуман третман. Денеска се вршат претреси на уште две поврзани локации. До овој момент уапсени се две лица.

Јавното обвинителство соопшти дека претресите се извршени по добиени сознанија за можен нехуман третман на стари луѓе-штитеници во домовите.

Во расчистувањето на случајот се вклучени Основното јавно обвинителство Скопје во координација со Министерството за внатрешни работи, Единица за економски и компјутерски криминал.

„На местото, покрај претставниците од МВР и обвинителството, се и инспектори од Министерството за социјална политика, демографија и млади, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, како и инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство. Во акцијата се вклучени и претставници од Центрите за јавно здравје, доктори од Итната медицинска помош и од Институтот за судска медицина и криминалистика“ соопшти обвинителството.

„Институциите продолжуваат со активности за утврдување на сите правно релевантни факти и евентуална одговорност во случајот“, се вели во соопштението од Обвинителството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот