Искра Белчева - Ристовска, Програмска директорка во ЦУП - Пресврт

ПРЕСВРТ | Иста песна, нови избори: Дали некој навистина ги исполнува ветувањата?

Програмската координаторка на Центарот за управување со промени ЦУП Искра Белчева-Ристовска е гостинка во најновата епизода на емисијата „Пресврт“. Таа во студиото на „Слободен печат“ говореше за платформата „Одговорна Влада“ на Центарот за управување со промени (ЦУП), каде на едно место оваа алатка ги собра изборните ветувања во програмите на партиите од парламентарните избори во период кога изминува една година од формирањето на Владата. Што ветија, а што не исполнија политичките партии, колку граѓаните се информираат од програмите за ветувањата на политичарите, но и каква е ажурноста на администрацијата и зошто системот потфрла кога станува збор за правата и услугите за граѓаните, се едни од темите за кои Белчева-Ристовска зборуваше во емисијата „Пресврт“.

-Идејата за „odgovornavlada.mk“  почна од тоа како да се заинтересираат граѓаните за содржината на политичките програми на партиите, односно на коалициите пред изборите. Но, она што сега е еднакво битно е дека кој и да дојде на власт во моментов, носи своја програма која треба да обезбеди за граѓаните предвидливост во активностите, во политиките кои се спроведуваат, па и во реализацијата на буџетот. Вие знаете, ние сите како граѓани имаме право да знаеме каде одат нашите пари. Нашите пари одат во даноците и тие се трошат за овие мерки кои ние денес ги гледаме во програмата за работа на Владата. Па затоа за нас од ЦУП беше многу битно како да ги запознаеме граѓаните дека всушност тие имаат право да бидат информирани за сето ова – вели Белчева – Ристовска.

Таа додава дека преку алатката  odgovornavlada.mk“  граѓаните можат да гледаат што се прави со средствата на Владата и буџетот кој е јавно достапен, но не е толку разбирлив.

-Програмата за работа на Владата е исто така достапно објавена, но не е разбирлива и токму затоа сакаме да направиме некој ваков повизуелен приказ кој ќе ги привлече граѓаните – вели програмската координаторка на ЦУП, Белчева – Ристовска.

Целта, според Белчева – Ристовска е ветувањата на политичарите да се споредуваат и следат на поедноставен начин и на едно место зашто нивните истражувања укажуваат дека граѓаните не ги читаат и анализираат изборните програми.

Целиот разговор со програмската координаторка на Центарот за управување со промени ЦУП, Искра Белчева-Ристовска, можете да го погледнете вечер во 19.00 часот на каналот на Јутјуб  и порталот на „Слободен печат“ во емисијата „Пресврт“ со Дејан Србиновски. 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот