Билјана Ивановска. поранешна претседателка на ДКСК

ПРЕСВРТ | Чуварот од корупцијата осомничен: Дали ова е последна шанса за чистка во системот?

Поранешната претседателка на Антикорупциска Билјана Ивановска е гостинка во најновата епизода на емисијата „Пресврт“. Таа во студиото на „Слободен печат“ говореше за последните случувања кои ја потресоа и самата Антикорупциска комисија, каде што актуелната претседателка Татјана Димитровска е осомничена во случајот Адитив. Додека граѓанските организации бараат оставка, политичките партии чекаат судски епилог. Дали е ова уште еден удар за борбата против корупцијата, или последна шанса за прочистување на системот? Зошто молчи Собранието но и зошто Димитровска не си поднесува оставка од позицијата? Ова се само едни од темите на кои поранешната антикорупционерка Ивановска зборуваше во новото издание на емисијата „Пресврт“.

– Сега е потребно Обвинителството да си ја изврши работата на професионален начин онака како што треба, за да си излезе вистината на виделина за сомнежот околу актуелната претседателка на антикорупциска Татјана Димитровска, тоа е едно. Второ, факт е дека има корупција секаде. Меѓутоа, граѓаните треба да бидат свесни дека сите ние сме државата, сите граѓани се државата и дека корупцијата со еден човек не бидува, значи мора да ја има уште еден. Тоа наведува дека секој граѓанин кој ќе биде повикан да го игра тоа танго наречено корупција, ќе рече не сум јас за оваа игра. И секој може да даде свој придонес во борбата против неа. Јас знам и сум уверена, дека оваа земја има капацитет да излезе од оваа сага и да бидеме како орелот што ќе излезе од пепелта за да направи нови крила – коментира поранешната антикорупционерка Ивановска.

Таа го повика Собранието и комисијата за политички систем кои се надлежни за работата на ДКСК да го преиспитаат работењето на сите процеси во Антикорупциска, се со цел да се даде слика кај граѓаните дека институциите се одлучни да се борат против криминалот и корупцијата. Во спротивно, доколку тоа не се случи, Ивановска коментира дека политичките партии и нивните претставници во Парламентот ја прифаќаат таа игра на поткупливост.

 

Целиот разговор со поранешната прва жена на Антикорупциска Билјана Ивановска можете да го погледнете вечер во 19.00 часот на каналот на Јутјуб  и порталот на „Слободен печат“ во емисијата „Пресврт“ со Дејан Србиновски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот