Љупчо Пренџов / Фото: Телма

Пренџов вели дека Владата останува посветена на „стабилизација на државата“

Љупчо Пренџов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во емисијата „Топ тема“ на „Телма“. Тој рече дека Македонија се движи кон поголема стабилност и благосостојба за граѓаните. Пренџов додаде дека Владата се фокусира на борба против криминалот и корупцијата и дека во последната година ја стабилизирала државата, додека за тоа ќе се изјаснат граѓаните на локалните избори.

Пренџов наведе дека „се работи на зголемување на платите“ и „на транспарентноста на Владата, која е видлива преку редовните пратенички прашања во Собранието“.

Тој вели дека уште од почетокот, „владата се залага за решавање на проблемите, како и со борба против криминалот и корупцијата“. Според него, оваа власт „ја стабилизира државата“, а за тоа ќе се огласат и граѓаните на претстојните локални избори.

„Сметам дека имаме одлична борба со корупцијата на улиците, одлична борба со корупцијата, онаа висока корупција. Сметам дека Република Македонија и тоа како е стабилизирана држава и тоа како е изнесена од дното во кое што беше втурната изминатиов период. По една година од новото управувачко мнозинство во Собранието сметам дека сме на висина на задачата. Граѓаните се оние кои што одлучуваат дали тоа е така или не. Имаме за краток временски период локални избори, ќе се види што граѓаните сметаат како работиме досега“, рече Пренџов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот