Љупчо Пренџов / Фото: Канал 5

Пренџов: Али Ахмети и ДУИ нема никогаш да бидат дел од оваа Влада

„Да испратам една порака до сите, пред сè до граѓаните на Република Македонија, а тоа е дека сè додека оваа политичка генерација, актуелна предводена од премиерот Христијан Мицкоски сме здрави и живи и сè додека имаме поддршка од граѓаните, Али Ахмети, Бујар Османи, Артановци и на нив сличните нема да бидат ниту дел од Владата, ниту ќе бидат власт во Република Македонија. Без разлика дали Таравари ќе трча или ќе оди полека кон нив, Али Ахмети и ДУИ, вакво нереформирано со него на чело, нема да бидат ниту власт, ниту дел од власта во Република Македонија“, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Пренџов вечерва во „Само Вистина“ на „Канал 5“.

Пренџов истакна дека не се согласува со тезата дека ЕУ е причината за напуштање на Таравари.

„Јас не се согласувам дека Европската Унија е причина за ова, еве јас јавно повикувам да ги побараме сите записници од седниците на Влада дали таму господинот Таравари жестоко дискутирал, зборувал во врска со Европската Унија дали е забавено или не“, рече Пренџов.

Тој го охрабри пратеникот Снопче заедно, како пратеници, да отидат до Владата и да видат дали Таравари се противел на владините седници.

„Она коешто исто така е интересно, а јас го повторувам уште еднаш: Јас ве охрабрувам заедно, како пратеници, имаме и сертификати, ако треба ќе отидеме во Владата ќе ги побараме сите записници и тонски и ќе видиме дали господинот Таравари на која било седница се противел и барал информации до каде е Балансерот, Бадендерот, Закон за правична застапеност и до каде се реформите за Европска Унија“, рече Пренџов.

Тој вели дека „ЕУ е единственото место каде ние како држава се движиме“.

„Во поглед на Европската Унија, таа е единственото место во кое ние како општество и држава се движиме, друго место нема, ниту во минатото имало и тоа му е јасно на секој еден граѓанин во Република Македонија“, рече пратеникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот