
Пренџов: 99 отсто од Албанците славеа достоинствено
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Пренџов вечерва во „Топ тема“ на „Телма“ се осврна на актуелните случувања околу прославата на Денот на албанското знаме. Тој вели дека 99% од неговите сограѓани Албанци празникот го славеле достоинствено, онака како што доликува. Тој ја поздрави и „експресната исправна реакција на полицијата“ напоменувајќи дека секој еден граѓанин мора да го почитува законот.
Препорачано
„Во поглед на актуелните случувања сакам да истакнам дека 99% од луѓето коишто го славеа знамето, нашите сограѓани Албанци, тоа го славеа како нормално славење. И она коешто сакам веднаш да го истакнам е тоа дека сакам да ја поздравам полицијата и полицајците за навремената реакција. Затоа што ние во Македонија треба да се научиме дека одговорноста има име и презиме од она коешто и јас го знам се повеќе од 17 луѓе веќе приведени и дека истрагата продолжува и за други случаи. Тоа ќе оди согласно закон, како треба“ рече Пренџов.
Тој изрази жалење за „односот на одредени структури“ кои се обидувале „да добиваат политички поени од случувањата на настанот“. Исто така ја поздрави и одлуката на верските заедници и нивната порака за зачувување на мирот.
„Ако ние немавме брзо и ефикасно разрешување со име и презиме на тоа кој што правел таа вечер во Македонија, тогаш ќе имаше плодна почва од определени структури почнуваат да генерализираат цели народи. Ја поздравувам денешната одлука на верските заедници“, рече Пренџов