струја фото

Прекини на струја низ Ирак поради високи температури и преоптоварување на мрежата

Прекини во снабдувањето со електрична енергија имаше низ целиот Ирак денес, откако електричната мрежа откажа поради екстремни температури, соопшти Министерството за енергетика на земјата.

Домаќинствата сè уште можат да добиваат електрична енергија од генератори, а температурите во Багдад и 11 други провинции во земјата се регистрирани и до 50 степени. Далноводите исто така се во прекин поради зголемената потрошувачка, која беше регистрирана во централната провинција Кербала, каде што милиони аџии доаѓаат да го прослават верскиот празник Арбаин.

„Нашите тимови моментално работат на терен за постепено обновување на мрежата во текот на следните неколку часа“, се вели во соопштението на министерството.

според метеоролошката служба, се очекува топлотниот бран во Ирак да трае повеќе од една недела. Температурите во Ирак се зголемуваат главно поради климатските промени и емисиите од приватните генератори. Честите прекини на електричната енергија во Ирак доведоа до повремени демонстрации во текот на летото.

Иако повеќето Ирачани се потпираат на приватни генератори за електрична енергија, тие честопати не се доволни за напојување на цели домаќинства, особено клима уреди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот