Фото: Профимедиа

Предвидувањата на Нострадамус за 2025 година: Големи поплави ќе ги уништат крајбрежните градови

За пророштвата на Нострадамус се дебатира и денес, а сè уште има такви кои веруваат дека овој човек гледал далеку во иднината. Повеќето пак на сè гледаат како на некој вид забава… Пророштвата се напишани за да можат да се толкуваат на повеќе начини, па некои луѓе се сеќаваат на нешто што Нострадамус го запишал при секоја катастрофа.

Во 2025 година, Нострадамус видел подем на нова империја и голем напредок што ќе ни овозможи нам, на обичните смртници да манипулираме со реалноста… Така тврдат експертите кои ги проучувале делата на Нострадамус.

– Нострадамус за 2025 година предвиде големи поплави кои ќе ги уништат крајбрежните градови и ќе остават милиони без покрив над главата – пишува Унилад.

Овој инцидент, според познавачите на делото на Нострадамус, искрено ќе го потресе постоечкиот светски поредок… Годината 2024 година секако ја одбележаа поплави, па многу луѓе во коментарите пишуваат дека ова ‘пророштво’ е всушност само здрава логика.

Во своите пророштва за наредната година, тој наводно спомнал и тајни култови кои би ги користеле моќите на „мрачните ритуали“.

Унилад пишува и дека Нострадамус предвидел големи откритија во областа на квантната физика.

– Откако ќе го постигнеме тоа, луѓето ќе можат да комуницираат со повисоки облици на интелигенција. Тоа е судбината на човештвото – предвидел Нострадамус.

Тој најавил и дека во 2025 година ќе излезат на виделина долго чуваните тајни. Поддржувачите на теориите на заговор конечно би можеле да ликуваат…

– Тоа ќе го промени текот на историјата, тоа е почеток на нова ера – толкуваат различни поддржувачи на делата на Нострадамус, кои тврдат дека во 2025 година повторно ќе почне да се цени некоја „древна мудрост“ …

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот