Фото: mztskopjeaerodrom.mk

Предраг Самарџиски повторно дел од турската кошарка

34-годишниот кошаркар Предраг Самарџиски одлучи да ја продолжи кариерата во Турција, односно ќе ги брани боите на Јени Мамак.

Овој центар беше дел од најголемиот успех на македонската репрезентација и освојувањето на четвртото место на ЕП 2011 во Литванија.

На клупски план професионалната кариера ја започна во Партизан, потоа настапуваше за ФМП, Олин Едирне, Литвос Ритас, Црвена звезда, Мерсин, Анкара Колејилер, МЗТ Скопје Аеродром, Мега Баскет, Бујукчекмече и Самсун.

Неговиот нов клуб Јени Мамак настапува во втората турска кошаркарска лига.

За турскиот Самсун во сезоната 2019/2020 во тамошното првенство од 18 натпревари имаше просек од 12,9 поени, 9,2 скока и 3,3 асистенции по меч.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот