
Предничат недвижностите – странските инвестиции во Албанија за три месеци достигнаа 362 милиони евра
И покрај кризата во наоѓањето работници, зголемените трошоци од зголемувањето на платите и зајакнувањето на домашната валута – лек, странските претприемачи продолжуваат да инвестираат во Албанија. Податоците од Централната банка на Албанија покажуваат дека вредноста на странските инвестиции во првите три месеци од годината достигнале над 362 милиони евра, 8 милиони повеќе отколку во истиот период пред една година.
Препорачано
Зголемувањето на вредноста на недвижностите во земјата го привлече и вниманието на странците, при што купувањето недвижности е на врвот на листата на странски инвестиции. По листата следат инвестициите во банкарскиот и финансискиот сектор, јаглеводородите, енергетиката и трговијата.
Како што наведува Газета експрес, има многу странски туристи кои особено инвестираат во недвижности.
Сепак, растот на странските инвестиции сега е јасно доминиран од реинвестираната добивка на претпријатијата, додека приливите на нов капитал речиси и да не постојат. Според Централната банка на Албанија, реинвестираната добивка достигна 214 милиони евра, или 59 проценти од вкупните инвестициски текови во првите три месеци од годината. Ова треба да се толкува како позитивна вест бидејќи покажува дека капиталот не оди во странство, туку се реинвестира во Албанија, сметаат експертите.
Холандија, Италија и Турција се земјите кои се на врвот на листата по вредност на странски инвестиции во Албанија.