
Празен бил куферот оставен пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ, полицијата тврди дека нема простор за паника
Инцидентот се случил околу 12:55 часот, кога лице од обезбедувањето на ЈП „Државни патишта“ пријавило дека преку видео надзор било забележано како две лица се задржуваат пред канцелариите на ова јавно претпријатие на плоштадот „ВМРО“, при што едното лице оставило куфер.
Паника пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје денеска предизвика оставен сомнителен куфер, кој подоцна се испоставило дека е празен, потврди Министерството за внатрешни работи (МВР), пренесе Прес 24.
Препорачано
Инцидентот се случил околу 12:55 часот, кога лице од обезбедувањето на ЈП „Државни патишта“ пријавило дека преку видео надзор било забележано како две лица се задржуваат пред канцелариите на ова јавно претпријатие на плоштадот „ВМРО“, при што едното лице оставило куфер.
По пријавата, екипи на полицијата веднаш презеле мерки и активности, а по извршените проверки било утврдено дека куферот е празен, информираат од МВР.
Во меѓувреме, безбедносните протоколи предвиделе евакуација на вработените од објектите во околината на централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ сè додека не било потврдено дека нема опасност.
Сомнителен куфер оставен до седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, се евакуираат околните згради