
„Правда за Крешник“ поставен транспарент во центарот на Дебар
Транспарент „Правда за Крешник – единствен пат кон мирот“, поставен е во строгиот центар на Дебар, на просторот на шеталиштето, во непосредна близина на седиштето на разгранокот на Демократска унија за интеграција.
Препорачано
На транспарент напишаното е на албански и македонски јазик, како дел од герила акција на матичната партија на поранешниот министерот за економија Крешник Бектеши кој е осомничен по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, за издадената дозвола за работа на истата.
Објавувајќи фотографија од поставениот транспарент претседателот на разгранокот на ДУИ, Артин Спахиу, напиша „Дебар бара ПРАВДА“, додавајќи дека „Дебар останува печат на секоја национална активност“.
-Дебар е секогаш тука – кога е значајно, кога е во прашање достоинството, нацијата, праведноста. Дебар останува печат на секоја национална активност. Кога владата насилно ги отстрани транспарентите, надевајќи се дека ќе нè исплаши, Дебар ја прекина тишината и стана да им каже отворено што го кажуваме секој ден: Ние станавме, напиша меѓу другото Спахиу на објавата на Фејсбук.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
19мин
-
54мин
-
55мин
-
58мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5