Министерство за правда / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Правда го правда Упатството за внесување на етничка припадност во изводите кое оди под лупа на Уставен суд

Министерството за правда останува на ставот дека Упатството за матична евиденција со кое се внесува националноста во изводите не е спротивно на законите законите, иако Уставниот суд веќе најави дека самоиницијативно ќе ја преиспитува уставноста на овој подзаконски акт.

„Врз основа на член 30-а став 1 од Законот за матичната евиденција (,,Службен весник на Република Македонија” бр.8/95, 38/02, 66/07, 98/08, 67/09, 13/13, 43/14, 148/15, 27/16 и 64/18 и ,,Службен весник на Република Северна Македонија” бр.14/20), министерот за правда, го донесе ќе се води постапка за оценување на уставноста на „Упатството за изменување и дополнување на упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи, издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги, водење постапка и составување на записник за најдено дете, обновување на уништени, оштетени или исчезнати матични книги, како и за обрасците на матичните книги, регистарот на матичните книги, изводите и уверенијата што се издаваат врз основа на матичните книги”. Националност во матичната книга на родените се предвидува во членот 4, на венчаните во членот 11 и на умрените во член 13 од Законот за матична евиденција“, соопштија денеска од Министерствот за правда.

Претседателката на Уставен суд Добрила Кацарска на брифинг со новинарите нагласи дека Упатството е спротивно на Уставот без да прецизира во кој дел. Своите аргументи претседателката на Уставен ќе каже на седница на Уставниот суд кога ќе се одлучува за овој предмет. Во оваа фаза Уставниот суд не може да донесе ниту времена мерка за замрзнување на примената на Упатството, зошто нема такви овластувања според актуелниот Деловник, за која најави дека наскоро ќе се смени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот