Путин, Зеленски и Трамп - Колаж СП

Пратеникот на Трамп, Келог: Мировниот план за Украина може да е готов за неколку дена или недели

Кит Келог, специјален пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина и Русија, Кит Келог денеска на конференцијата во Минхен изјави дека мировниот план за Украина може да биде завршен за неколку дена или недели. Келог рече дека во моментов постои „двоен“ пристап кон мировните преговори, со претставници на САД во контакт со Русија и одделно со Украина и сојузничките нации.

Морате да ни дадете малку простор и време, но кога го велам тоа, не зборувам за шест месеци, туку за денови и недели, рече тој во Минхен.

 

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер изјави дека меѓународната заедница ќе мора да се справи со непочитувањето на воспоставените дипломатски правила од страна на новата американска администрација.

Новата американска администрација има сосема поинаков поглед на светот од нашиот, кој не ги почитува воспоставените правила, партнерството и зголемената доверба, изјави шефот на германската држава.

„Мораме да го прифатиме ова и можеме да се справиме со тоа. Но, убеден сум дека не е во интерес на меѓународната заедница овој поглед на светот да стане доминантна парадигма“, рече Штајнмаер, говорејќи на Минхенската безбедносна конференција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот