СП. архива

По три недели повторно недостиг во водоснабдувањето во Тетово

По три недели Тетово повторно се соочува со недостиг на вода за пиење откако пак се  јави сличен проблем со прекинување на водоводна цевка во месноста Лешница на 23 февруари. Станува збор за цевка со големина фи-500 во месноста Лешница, која е дел од новиот водоснабдителен систем што носи вода од планинските реки.

-Како резултат на земјотресот имаме лизгање на земјиште на линијата во Лешница, каде имаме дефект на главната цевка од фи-500.

Повторно се воведуваат рестрикции во вкупно траење од 11 часа и 30 минути во еден ден.

-Со цел еднакво опслужување со вода за пиење во сите критични делови на градот, од денеска, вторник, ќе почне со рестрикција на водата за пиење од 08:00 до 11:30 часот, од 15:00 до 18:00 и после полноќ од 00:00 до 05:00. часот. Оваа рестрикција ќе трае се до санирање на дефектот на главната водоводната линија во Лешница, информираат од ЈКП Тетово.

По дефектот на 23 февруари беа потребни девет дена работа за поставување на нова цевка и нормализирање на водоснабдувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот