Фото: Принтскрин / Инстаграм

Познатиот американски пејач е во врска со четири жени: „Секоја си има своја улога и сè функционира совршено“

Американскиот пејач и текстописец Ни-Јо предизвика возбуда кога минатата година објави дека е во врска со четири жени истовремено. Неодамна се појави на пренос во живо за да разговара за деталите од нивната врска и да одговори на прашања од обожавателите, објави „Унилад“.

Иако полиаморијата не е нов концепт, таа е сè уште ретка во многу делови од светот. Сепак, тоа не го спречи пејачот отворено да зборува за својот љубовен живот и динамиката на неговите врски со Кристина, Ариел, Монеа и Бри.

Постојат јасни правила

Претходно појавувајќи се во шоуто на Анџи Мартинез, Ни-Јо откри дека неговите партнерки го гледаат само него, иако тој не го почитува тоа правило.

„Кога се сретнав со овие жени, не побарав нивна лојалност. Не барав нивна лојалност. Тие ја бараа. Дојдоа кај мене и ми рекоа: „Сакам да ти бидам лојална само на тебе“, рекол тој.

Тој исто така додаде дека во тоа време поставил јасни услови: „Дали разбираш дека твојата лојалност кон мене не значи и моја лојалност кон тебе? Дали го разбираш ова? Дали си согласна со ова? Во ред, одлично, бидејќи ја нудиш твојата лојалност и јас ја прифаќам, сега има правила што треба да ги почитуваш.“

Компликациите се неизбежни

Кога го прашале дали некогаш има компликации, тој искрено одговорил: „Па, да, има компликации кога има само двајца во врска, па секако дека ќе има и кога сте четворица.“

Тој исто така објасни како се справува со ситуации кога една од неговите партнерки го нервира, споредувајќи го тоа со односите во пријателски групи. Призна дека се обидува да ги контролира своите емоции, но дека нервозата за една личност понекогаш може да влијае на неговите интеракции со другите.

Секоја си има своја улога

Тој заврши со тоа што со љубов опиша што најмногу цени кај секој од нив, откривајќи како секој од нив исполнува различна улога во неговиот живот.

„Едната е посериозна од сите други, таа е доверлива. Ако ја напуштам куќата и заборавам нешто, таа го има. Имам една со која се смеам цело време, сè е смешно цел ден, тоа е токму она што го прави“, рекол тој.

„Имам мој сојузник, таа е таа што би скокнала и би ми помогнала кога ќе ме нападнат. А потоа ја имам и мојата еклектична, таа е танчарка, таа е мој уметник. Значи, секоја си има свое нешто и тоа функционира, функционира совршено“, заклучич Ни-Јо.

Што е полиаморија?

Да потсетиме, пејачот беше во брак со Кристал Ренеј шест години, а својата полиаморна врска ја објави една година по разводот. Полиаморијата е врска во која луѓето истовремено имаат повеќе романтични и/или сексуални врски со согласност и знаење на сите вклучени страни. Клучните вредности на полиаморијата се чесност, транспарентност, комуникација и согласност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот