
Познат редоследот на партиите на избирачкото ливче: ВМРО-ДПМНЕ број 9, СДСМ број 5
Државната изборна комисија (ДИК) денеска одржа седница на која преку жрепка се утврди единствена листа на кандидати за Локалните избори 2025. Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ на избирачкото ливче на локалните избори ќе биде под број 9, додека опозициската СДСМ е на петтото место.
Препорачано
Ова е листата:
1.Искуство за успех
2. ЗНАМ
3. Демократска партија на Србите
4. Национална Алијанса за интеграција НАИ-ДУИ
5. Коалиција за локални избори 2025 – СДСМ
6. Левица
7. Коалиција Влен
8. Коалиција за Зелена иднина
9. Коалиција „Твоја Македонија“ – ВМРО-ДПМНЕ
10. Демократска партија на Ромите
11. Сојуз на Ромите
12. Единствена Македонија
13. Партија на пензионери
14. Демократска партија на Турците на Македонија – ДПТМ
15. Партија за движење на Турците во Македонија
16. Српска странка во Македонија
17. Унија на Роми
18. Бошњачки демократски сојуз
19. Демократски сојуз
20. Работничка партија
21. ВМРО Народна партија
22. Македонски концепт – Мконцепт
23. Движење за национално единство на Турците
24. Демократски сили на Ромите
25. Политичка партија граѓанска иницијатива Грин
26. Партија за обединети демократи – ПОДЕМ
27. Твоја партија
28. Македонска акција – МАК
29. Демократи Скопје
30. Родина Македонија
31. Политичка партија Десница
32. Македонска ера трета, македонска независна листа суверинисти
33. Трајно македонско радикално обединување
На дополнително жребување ќе се одредат и редните броеви на кандидатите кои доаѓаат од вонпарламентарните партии и независните граѓански листи.
Изборната кампања за изборите започнува в понеделник на 29 септември, а завршува на 17 октомври односно 24 часа пред изборите. Граѓаните ќе избираат градоначалници и совети на 19 октомври.
Вториот круг на изборите ќе се одржи на 2 ноември.