Фото: КФСМ

Познат распоредот на македонските кошаркари во претквалификациите за ЛОИ 2024

Светската кошаркарска федерација ги утврди и последните детали поврзани со претстојните претквалификациски турнири кои водат кон учество на Олимпијадата во Париз во 2024 година.

Еден од нив ќе се одржи во Талин, а дел од турнирот во главниот град на Естонија е и најсилната македонска машка селекција.

Првиот меч на турнирот во Талин, Македонија ќе го одигра на 12. август, противник ни е селекцијата на Израел, а таа средба во „Тондираба Ајс“ Арената е закажан за 19.часот.

Еден ден подоцна, на 13. август, во исто време, од 19.часот, нашите најдобри кошаркари ќе играат против селекцијата-домаќин, Естонија.

По еден ден пауза, поточно на 15. август, од 16.часот, следува и дуелот против репрезентацијата на Чешка, по што ќе го имаме конечниот изглед на табелата во оваа „А“ група од претквалификациите.

Првопласираните две репрезентации од собирот во Талин, ќе продолжат за Полска, поточно ќе се пресели во Гљивице, каде ќе се одигра и оној завршен дел од овие евро-претквалификации за Олимписките игри.

Победникот на овие квалификации ќе биде и учесник во оние главни квалификации за Олимпијадата во Париз.

ОЛИМПИСКИ ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ-ТАЛИН

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА

12. АВГУСТ

16.00: Чешка – Естонија

19.00: МАКЕДОНИЈА – Израел

13. АВГУСТ

16.00: Израел – Чешка

19.00: Естонија – МАКЕДОНИЈА

14.АВГУСТ – СЛОБОДЕН ДЕН

15. АВГУСТ

16.00: Чешка – МАКЕДОНИЈА

19.00: Израел – Естонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!